Цуцуловски за акцијата на Табановце: Арно рече Османи дека расчистувањето со корупцијата ќе почне од чуварите, да видиме до каде ќе дојдат
Од
Објавено на
Професорот Љубомир Цуцуловски на социјалните мрежи ја прокоментира акцијата на Табановце.
„АРНО РЕЧЕ Бујар Османи (пред некој ден) дека расчистувањето со корупцијата ќе го започнеле со чуварите/вратарите по градинките, па ќе се одело до самите врвови на власта. И ете ги, започнаа со полицајците/чуварите на граничниот премин кај Табановце. Арно рече Бујар Османи од каде ќе појдат. Останува уште да се види до каде ќе дојдат“