Коментари

„Амонијакот во Пирот труеше неколку часови, воздухот во Скопје труе со недели’“, вели д-р Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави фотографија од мерната станица во Ново Лисиче која покажува енормни бројки на загаденост. Тој вели дека токму тоа е причината зошто голем број граѓани кашлаат, ги гребе грлото и ги печат очите.

„Ако не Ви е доволно јасно зошто сите во градов кашламе, нѐ гребе грлото, нѐ печат очите…..
Амонијакот во Пирот труеше неколку часови, воздухот во Скопје труе со недели.
Геноцидот на сопствениот народ е најмонструозен облик на геноцид“, вели Беќаровски.

На почеток