Коментари

Цуцуловски му го „плесна“ на Мицкоски: Дури сега сфаќам дека не било битно вметнувањето на Бугарите во Уставот, туку кој парламентарен состав тоа ќе го направело

Љубмир Цуцуловски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека не било толку битно отварањето на Уставот и вметнувањето на „бугарското малцинство“ во него, туку дека многу побитно било во кој парламентарен состав тоа ќе се направело

„РАЗБИРАТЕ? Дури сега сфаќам, кутар јас, дека не било толку битно отварањето на Уставот и вметнувањето на „бугарското малцинство“ во него, туку дека многу побитно било во кој парламентарен состав тоа ќе се направело, бидејќи овој собраниски состав (објаснуваат) не бил легитимен.

Значи, според нив: прво избори, а потоа ќе следи отварање на Уставот.

Разбирате, почитувани посетители? Јас, искрено, разбирам што сакаат да кажат/порачаат, само што тоа не можам да го прифатам, уште помалку да го оправдам“, вели Цуцуловски.

На почеток