Коментари

„Ако користењето на отпад во индустријата не е штетно, тогаш зошто некои земји би се ослободувале“, прашува Цуцуловски

Професорот Љубомир Цуцуловски објави статус на социјалните мрежи во врска со барањата на индустријата за законски измени да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува. Тој вели дека доколку тоа е здраво и корисно, зошто некои земји би се ослободувале од нивното ѓубре/отпад.

„’Здраво и корисно’

Ако користењето на отпад во индустријата не е штетно, тогаш зошто некои земји би се ослободувале од нивното ѓубре/отпад, а Македонија би го увезувала? Сепак, за некои, палењето на Бадниковите огнови било меѓу најштетните однесувања во Република Македонија. За таа цел, тврдат овие персони, Македонците дури цели шуми и планини сечеле. Глупоста човечка, комбинирана со злобата, се чини дека немаат крај“, стои во објавата.

На почеток