Коментари

Коментар на денот: Воз излетал кај Кадино не е вест, сензација е ако не излетал

Еден вагон од вкупно три на патничкиот воз кој сообраќа Гевгелија – Скопје се излизга од шините на станицата „Кадина Река“ меѓу Велес и Скопје со кој патувале 150 патници, кои со друг воз се префрлени и пристигнале во Скопје.

На ова реагираше актерот Сашо Тасевски кој вели дека ова не е вест, туку сензација е ако возот не излетал.

„Воз излетал кај Кадино.

Тоа не е вест. Сензација е ако не излетал.

Во Габон имате супербрз воз. Од племето НатегнемтеТачеЈако до племето ОдДуиГоЈадетеСтапо патуваш за два саати 500 километри.

Кај нас од Скопје до Битола патуваш 10 саати, ако е возот расположен дента. Или ако е на стероиди“, стои во објавата.

На почеток