Свет

Дума: Повисоки даноци за оние што избегаа од мобилизацијата

Пратениците во Државната Дума креираат нацрт-закон со кој ќе се укинат одредени привилегии и ќе се зголемат даноците за Русите кои ја напуштиле земјата.

Тука спаѓаат и оние кои заминаа по почетокот на специјалната воена операција, изјави денеска претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин.

„Има и такви кои веруваат дека е неопходно да се дадат бенефиции на оние кои ја напуштиле нашата земја за да се вратат. Тоа е погрешно. Придобивките за оние кои ја напуштиле Руската Федерација треба да се укинат и да се воведе зголемена даночна стапка за нив. Работиме на измени и дополнувања на законот во таа смисла“, објави Володин на Телеграм, а пренесува агенцијата Тас.

Како што наведе тој, Русите кои заминаа мора да разберат дека мнозинството од руското општество „не го поддржува она што го направија и верува дека ја предале својата земја, членовите на нивните семејства и блиските луѓе“.

„До денес, оние кои заминале не само што работат во руски компании од далечина, туку ги уживаат и сите поволности што им се обезбедуваат во согласност со законодавството на нашата земја“, рече Володин.

To Top