Актуелно

„Невозможно е да се исклучи Русија од светскиот енергетски пазар“, вели Новак

Руските енергетски производи не можат да бидат заменети или исклучени од светскиот пазар, изјави вицепремиерот на Русија Александар Новак.

„Очигледно е дека потрошувачката на енергија само ќе расте во иднина, така што не можам да замислам како би изгледала светската економија без нашите енергетски извори. Никој не може да не замени, тоа е невозможно. Не можам да го замислам светот без нашето учество на енергетскиот пазар. Во тој поглед ние сме оптимисти и си поставивме амбициозни цели“, изјави синоќа Новак за Тас.

Според него, Русија е најголемиот светски играч во областа на енергетиката.

Новак изјави дека Русија се занимава со петрохемикалии и водород, развива традиционални и нови енергетски индустрии и има единствена експертиза, технологија и искуство во секторот за нуклеарна енергија.

На почеток