Магазин

Том Круз секоја година на сите им праќа ист празничен подарок

Актерот Том Круз на своите пријатели им праќа необичен подарок секој Божиќ. Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во „Како ја запознав мајка ти“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон и зборуваше за божиќните празници.

Посебен интерес кај публиката предизвика нејзиниот ентузијазам за подарокот што Том Круз и го испраќа секоја година за Божиќ. Имено, тие двајца го снимија филмот „Џек Ричер“ во 2016 година и оттогаш се во добри односи. Таа откри дека оттогаш актерот секоја година и праќа торта.

„Тоа е торта од бело чоколадо со кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ja чувам во замрзнувач и трае до март бидејќи земам само парче. Не знам зошто, не сум ни љубител на слатки, но ова е одлично“, изјави актерката.

Том Круз еднаш раскажа како праќа торта на широк список на познаници за празниците, а откри и малку чудна причина за тоа.

“Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките низ кои поминувам за филмови. Затоа им го испраќам на сите”, рекол тој.

На почеток