Поминаа 32 години од излегувањето на филмот „Сам дома“, еве како изгледаат главните актери денес
Филмот сам дома излезе во 1990 година и поминаа три децении, а актерите и актерките од оваа продукција продолжија да играат во различни филмови и серии.
Ѕвездата на филмот секако беше Меколи Колкин кој го играше ликот на Кевин. Кога се појави во филмот имаше само 10 години, а подоцна го видовме во филмовите „My Girl“ и „Home Alone 2: Lost in New York“. Актерот исчезна од јавната сцена, беше во врска со Мила Кунис, а сега го води подкастот Bunny Ears во кој води многу светски ѕвезди.
Девин Ратри, најпознат како Баз, постариот брат на Маколи Калкин во овој филм ја продолжи својата актерска кариера, појавувајќи се во ТВ продукции. Пред малку се најде во центарот на скандал кога неговата поранешна девојка го обвини дека се обидел да ја задави.
Џо Пеши и Даниел Стерн станаа славни играјќи не толку светли крадци во овој римејк со шмек, а еве како изгледаат денес.