Свет

Рекордни снежни врнежи во Јапонија, 17 загинати

Рекордните снежни врнежи во многу делови на Јапонија однесоа животи на 17 лица, повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти денеска Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи (ФДМА).

Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите и доцнење на испораката.

До сабота, 24 декември, зимската бура однесе 11 животи, пренесува Ројтерс.

Божиќниот викенд донесе уште повеќе снег, а бројот на загинати се искачи на 17, додека 93 лица беа повредени. Голем дел од повредените паднале од покриви при отстранување на снегот или врз нив паднал снег од покривите на зградите, велат од ФДМА.

Во еден момент на северот од земјава поради обилните врнежи без струја останаа околу 20.000 домаќинства, но благодарение на брзата реакција на надлежните служби снабдувањето со електрична енергија истиот ден беше вратено во повеќето области.

На почеток