Свет

(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодираше на аеродром во Јапонија

Американска бомба од Втората светска војна експлодираше на јапонски аеродром. Бомбата била затрупана под такси патеката што ги поврзува трибините и пистата на аеродромот.

Експлозијата остави голем кратер и откажа повеќе од 80 летови, но нема повредени, соопштија јапонските власти.

Во моментот на експлозијата на аеродромот Мијазаки во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.

Видеото снимено од блиското воздухопловно училиште покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух

На почеток