Скопје

Алармантната состојба со воздухот во Скопје, донесе бесплатен превоз во ЈСП

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерствтото за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспедндирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.

Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.

На почеток