Свет

Започнува отстранувањето на цистерната кај Пирот

Отстранувањето на цистерната кај Пирот почнува денеска и ќе трае најмалку пет дена, соопштија од Штабот за вонредни состојби.

Во Пирот се уште е на сила вонредната состојба додека не се отстранат резервоарите, јавува РТС, наведувајќи дека според последните мерења, во воздухот и водата нема амонијак.

Агенцијата за заштита на животната средина вчера соопшти дека ќе продолжи да го следи квалитетот на воздухот во Пирот и навремено да ја информира јавноста за резултатите.

Сообраќајот на магистралниот пат Ниш – Димитровград кај Пирот, кој беше привремено во прекин поради истекување на амонијак од вагон кој излета од шините, вчера е повторно воспоставен.

Вагон со амонијак се превртел во неделата на пругата меѓу Пирот и Станичење, а во таа прилика гасот истекол во атмосферата.

На почеток