САД нема да испратаи воени експерти во Украина во врска со испораката на системот за противвоздушна одбрана
Соединетите Американски Држави преку дипломатски канали пренесоа дека не сакаат и нема да имаат директна конфронтација со Русија. Тие додадоа и дека нема да испратат воени експерти во Украина во врска со испораката на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Ги прашавме Американците преку дипломатски канали, кои нашата амбасада во САД сè уште ги одржува, дали одлуката за испраќање на системите Патриот во Украина значи дека таму ќе бидат и американски експерти, со оглед на сложеноста на работата на овие системи. Беше објаснето дека тоа не е планирано особено затоа што Американците не сакаат и нема директно да се судрат со Русија“, изјави Лавров за ТАС.
Тој додаде дека системите „Патриот“ ќе бидат распоредени во рок од неколку месеци, но само откако украинските војници ќе се запознаат со оваа технологија. Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги уништи системите „Патриот“ доколку Вашингтон му ги достави на Киев.
Тој истакна дека „Патриот“ е сличен на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-300 и посочи дека руските сили ќе најдат ефикасен „противотров“ за тоа оружје.