Скопје

Тепал малолетници во кафеана, па агресивно се однесувал кон полицајците

На 31.12.2022 во 00.10 часот на бул.“Видое Смилески-Бато“ од полициски службеници од Полициската станица Аеродром бил приведен Н.Ј.(22) од Скопје поради тоа што на 30.12.2022 околу 23.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром физички нападнал двајца малолетници, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На почеток