Македонија

Го пронашле на улица со тешки телесни повреди, возачот кој го удрил избегал оти немал телефон да повика помош

На 01.01.2023 во 01.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Дојранска“ во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) од Богданци, кој бил пренесен во Општа болница Гевгелија за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Во 03.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.В.(37) од Богданци пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Дојранска“ во Богданци со своето патничко возило „фолксваген бора“ со гевгелиски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото затоа што, како што пријавил, немал телефон да повика помош.

Според пријавеното, откако нашол негов другар се јавиле на 194. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток