(ВИДЕО) Демолиран студентски дом во Скопје за време на новогодишната ноќ: Расфрлано стакло, искршени хидранти, уништен инвентар
Расфрлано стакло, искршени хидранти и керамичка санитарија, е сликата по вчерашното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. На социјалните мрежи утрово беше објавено видео на кое може да се забележи хаосот кој го направиле студентите кои славеле.
„Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество.
* Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи
* Чуди се Ангелејце после зошто е Стив во та состојба во која шо е, а богами и Македонија со грајџаниве нејзини…
* И срејчна нова од мене“, стои во описот на објавеното видео.
Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество. pic.twitter.com/ABKmRO1DV5
— Маша (@dzebno_izdanie) January 1, 2023