Скопје

(ФОТО) Среќна нова од сончевото Водно

Првото новогодишно утро скопјани го дочекаа во магла и екстремно загаден воздух.

Скопје утрово се наоѓа на 24 место на листата најзагадени градови во светот.

Најголема загаденост покажува мерната станица во Маџир Маало во Центар – 305 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, како и мерната станица во населбата 11 Октомври 279 микрограми на метар кубен.

И додека Скопје се гуши во магла, на Водно грее сонце.

Граѓаните на социјалните мрежи објавија фотографии од врвот на Водно од каде градот воопшто не се гледа.

На почеток