Македонија

Утрово најстудено во Берово

Утрово најстудено со измерена температура од -4 степени Целзиусови беше во Берово.

-3 степени се измерени во Прилеп и Струмица, -2 во Битола, Тетово, Виница, Дебар, -1 во Штип, 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Претор, Лазарополе.

Нешто потопло е и во Маврови Анови, Демир Капија каде се измерени 1 степен, додека пак 2 степени се измерени во Охрид, 4 во Дојран, 5 во Попова Шапка, Крушево.

-3 Прилеп, Струмица, -2 Битола, Тетово Виница, Дебар, -1 Штип, 0 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Гевгелија, Крива Паланка, Претор, Лазарополе, 1 Маврови Анови, Демир Капија, 2 Охрид, 4 Дојран, 5 Попова Шапка, Крушево.

Во поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне краткотрајно делумно ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17, а во местата со магла од 4 до 7 степени.

Во Скопје со појава на магла, која преку денот краткотрајно делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

На почеток