Сончево со мала до умерена облачност


Во поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 17, а во местата со магла од 5 до 7 степени.
Во Скопје во поголем дел од денотсо магла, која попладне краткотрајно делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.
Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.
Во вторник попладне ќе започне да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.
