Свет

Поранешен советник на Путин: Загубите на украинската армија се неколку пати поголеми од загубите на Русите

Поранешниот советник на Путин Сергеј Марков на Телеграм напиша дека „загубите на украинската армија се неколку пати поголеми од загубите на Русите“.

Тој додаде дека причина за тоа е „тоталитарното општество“ на Украина.

„Тоталитарното општество не се плаши од големи загуби. Во украинските градови гробиштата се полни со илјадници гробови на војници на вооружените сили на Украина кои ги дадоа своите животи за окупацискиот американски режим и катастрофата во Украина“, напиша Марков, пренесува Скај Њуз.

„Тоа се нашите руски граѓани, кои загинаа под антируското знаме. Русија не може да ги ослободи тие луѓе. Затоа тие умираат“, додаде тој.

На почеток