САД: Акциите кои ги загрозуваат светите места во Ерусалим се неприфатливи
Од
Објавено на
Секое еднострано дејство што ја загрозува состојбата на светите места во Ерусалим е неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, откако десничарскиот министер на израелската влада Итамар Бен-Гвир го посети комплексот на џамијата Ал Акса, светото место за муслиманите и Евреите.
„САД се цврсто посветени на зачувување на светите места во Ерусалим. Секоја еднострана акција што ги загрозува е неприфатлива“, рече портпаролот, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека САД го повикуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја задржи својата посветеност на светите места.