Македонија

Продолжува професионалното и етничкото жртвување во Министерството за одбрана, вели Алијанса за Албанците

Поранешниот Државен секретар во Министерството за одбрана, осомничен за дискриминација во овој ресор, е унапреден, повторно дискриминирајќи ја противкандидатката Албанка со магистерски и многу други предности, вели Алијанса за Албанците

„Според интерниот конкурс на МО бр. 01/22 со датум 12.12.2022 и административната селекција бр. 04/8443/85 од 28.12.2022, Драган Николиќ се унапредува во Државен советник (Одлуки за избор по спроведен Интерен оглас број 01/2022 за унапредување на 27(дваесет и седум) административни службеници во Министерството за одбрана – 03.01.2023година.pdf ), иако противкандидатот на конкурсот е подобар, бидејќи: знае три јазици повеќе, има повисоко ниво на образование (магистратура), е жена и Албанка, што значи дека овде покрај стручната обука, не се почитувани Резолуцијата 1325 на ОН за родова еднаквост како и Уставот на РСМ, Законот за административни службеници, Законот за одбрана, Стратегијата за одбрана 2020 година, Стратешкиот преглед на одбраната, Програмата за правична застапеност и соодветен број на етнички групи во РСМ, итн.
За иронијата да биде поголема, произлегува од фактот дека дотичниот има Решение 0801-37/13 од 01.12.2021 година од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека извршил дискриминација на лицето НН.

https://kszd.mk/wp- content/uploads/2022/01/0801-37-%D0%BE%D0%B4-01.12.21-Se-utvrduva-voznemiruvanje.21-1-1.pdf.
Исто така, против истото лице постои иницијатива бр. 12-464/15 од 20.06.2022 година, од страна на Државната комисија за спречување на корупција, бидејќи постои основано сомнение за повреда на законки и подзаконски прописи при вршење на должноста Државен секретар во Министерството за одбрана согласно член 127 став 1 точка 4 од Законот за антикорупција и судир на интереси, до Заменик Претседателот на Владата за добро владеење. Засега нема епилог.

https://dksk.mk/wp-content/uploads/2022/06/12-464-15-dp.pdf

Дотичниот како висок владин функционер, Државен секретар во Министерството за одбрана (2017-2022), го попречувал спроведувањето на законот за јазиците и владините одлуки 120, 122, 123 од 2019 година и не ги почитувал забелешките на Инспекторатот за употреба на јазиците. Од горенаведените причини, против него има повеќе тужби (4-5) за професионална, социјална, етничка и верска дискриминација (и тоа од офицери и високи функционери во МО). Кога истото лице поднесе оставка од функцијата Државен секретар во МО (31.08.2022), медиумите не информираа дека тоа го направил од здравствени и лични причини, тогаш се поставува прашањето како лице со такво досие и со сериозна здравствена состојба може да се унапреди во Државен советник за комуникациски системи и логистика во Министерството за одбрана на земја на НАТО токму кога сме во толку голем притисок од сајбер напади“, се вели во соопштението.

На почеток