Коментари

Наш познат доктор: Живот не трпи тендери – државата веднаш да реагира, да се спаси ова дете

Вчера, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи доктор Велибор Тасиќ, педијатар, кој деновиве, како што напиша е на одмор во Хрватска, но добил порака за случај со дете, кое би можело да биде спасено, доколку државата реагира итно:

„Ни кафе како пензионер не можам да испијам на мир.

Седам со колегата Данко Милошевиќ, врвен експерт педијатар нефролог во еден Загребачки кафиќ и добивам порака дека еден наш пациент стар 13 години е примен на Клиниката со четврта епизода на атипичен хемолизно уремијски синдром (болест која ги напаѓа црвените крвни зрнца, тромбоцитите и води до отказ на бубрезите).

Данко ми вели, па дајте му одмах солирис или ултомирис спасицчте му бубреге.

На жалост Данко, код нас је бирократска процедура, треба се пациејнт регистрирати код комисије за ретке болести, па чекати њихову одлуку, која је често негативна и неправедна….јер овде лек живот спашава!

Џабе што је лек регистриран у Македонији, тко че га платити.

ЖИВОТ НЕ ТРПИ ТЕНДЕРИ!!!! ЗА ВАКВА СИТУАЦИЈА ДРЖАВАТА, ФОНДОТ И ДРУГИТЕ ФАКТОРИ ТРЕБА ДА РЕАГИРААТ ВЕДНАШ!

За жал, некои наши фамилии кои имаа деца со атипичен ХУС мораа да се иселат, за да можат да го добијат лекот во странство.

Ве молам споделете ја објавата! Живот не трпи тендери!“, напиша доктор Спасиќ на својот профил на социјалните мрежи.

На почеток