Свет

Саудиски лекари успешно одвоија сијамски близнаци

Специјализиран хируршки тим во Саудиска Арабија успеал да одвои сијамски близнаци кои биле споени на колкот и го делеле ‘рбетниот мозок и неговите мембрани, во операција која траела седум часа во седум фази, со учество на 28 членови на консултанти, специјалисти и медицински лица и технички персонал, пренесува саудиската агенција СПА.

Советникот на Кралскиот двор и генерален надзорник на Центарот за хуманитарна помош и помош Крал Салман, Абдула бин Абдулазиз Ал Рабиа, кој исто така беше шеф на медицинскиот и хируршкиот тим за операциите на разделување, рече дека тоа е 53-та операција спроведена во рамките на саудиската програма за одвојување споени близнаци.

На крајот од операцијата биле прегледани мускулите и нервите за да се обезбеди нивната функционалност, а потоа близнаците биле префрлени на педијатриската интензивна нега за постојано следење.

На почеток