Свет

(ВИДЕО) Прва изјава на ранетиот млад човек во Штрпце

„Отидовме на Бадник како и секоја година, излеговме на пат да се сликаме, после сликањето дојде кола, испука куршум, ме погодија во рака. Најверојатно е Албанци, се уште не сме сигурни, веднаш по пукотниците избегаа, исчезнаа“, изјави ранетиот млад човек за Косово онлајн.

Неговиот пријател, еден од момците кои отишле да ја донесат елката дома по традиционалниот обичај, објаснил како изгледало самото пукање:

“Стигнавме во селото, на влезот застанавме да се фотографираме, потоа дојде еден човек, го спушти прозорецот, извади пиштол и пукаше во нас. Моите двајца пријатели беа погодени и веднаш побегнаа”, вели еден млад маж гушкајќи друго момче, и двајцата седеле пред болницата видно исплашени.

Полицијата го уапсила напаѓачот на српските момчиња, пренесува Коха.

Според првите информации уапсен е А.К.(33), кој е префрлен на распит во Урошевац.

На почеток