Свет

КФОР одговори на барањето на Србија за враќање на српските сили на Косово и Метохија

КФОР одговори на барањето на Србија за враќање на припадниците на српската војска на Косово.

Претставници на Комисијата за спроведување на воено-техничкиот договор на Генералштабот на српските вооружени сили на Бадник, во 19 часот, на административниот премин Мердаре, добија одговор од претставниците на КФОР на барањето за враќање на до 1.000 припадници на српските вооружени сили и полицијата на Република Србија на територијата на автономната покраина Косово и Метохија.

Министерството за одбрана го достави споменатиот документ до Кабинетот на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, со цел да го запознае претседателот со содржината на одговорот на КФОР, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Од Кабинетот на претседателот го потврдија приемот на документот и велат дека претседателот ќе биде информиран за неговата содржина штом пристигне од Хиландар.

На почеток