Отстранети барикадите во Штрпце
Од
Објавено на
Отстранети се барикадите што беа поставени во селото Готовуше во Штрпце, по ранувањето на две момчиња од Србија.
Како што јави приштински Коха, барикадите направени од дрво и гуми ги отстраниле локалните Срби по неколкучасовни преговори со косовската полиција.
Мештаните вчера го блокираа регионалниот пат Штрпце-Урошевац откако две момчиња од Србија беа ранети во Готовуша кај Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење.
Повредата настанала без никаква причина, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.
Foto: Tanjug/AP