Свет

„Анонимуси“ повторно упатија закани до српскиот претседател Вучиќ

Повторно има закани за Србија затоа што таа е единствена земја во Европа што не воведе санкции за Русија.

Хакерската група „Анонимуси“ уште еднаш упати закани до српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Анонимусите“ на „Твитер“ и му порачаа на Вучиќ да престане да го дестабилизира регионот и да ја поддржува Русија.

Велат дека ја почнале „Операцијата Србија“ додавајќи дека претходните денови се нападнати неколку веб-страници на владата на Србија.

Вучиќ претходно кога му се заканија објави фотографија со кучиња, со цел да покаже дека не се плаши. ЕУ повторуваше дека Србија треба да воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина.
Вчера на Бадник, косовски Албанец пукал во две српски момчиња, кои се здобија со повреди.

To Top