Со автомобил е прегазен близок човек на Медведев
Уште една мистериозна смрт во Русија. Автомобил го прегазил Магомед Абдулаев, близок пријател на поранешниот руски претседател Дмитри Медведев.
Абдулаев (61) го однеле во болница, но починал од тешки повреди во градот Махачкала на Каспиското Море.
Абдулаев, кој беше поранешен ректор на Државниот педагошки универзитет во Дагестан, ја минувал улицата кога во него удрил автомобил Лада Нива.
Возачот имал 55 години, но не е откриено дали е приведен или уапсен. Абдулаев се вели дека поминувал улица на непрописно место. Тој беше премиер на регионот Дагестан од 2010 до 2013 година. Украина веднаш вели дека тоа е последниот во низата сомнителни руски смртни случаи во текот на изминатата година, во кои доминираше војната на Владимир Путин.
Повеќе руски бизнисмени и критичари на рускиот претседател Владимир Путин доживеаја сомнителна смрт. Настрадаа и воени лица кои беа вклучени во мобилизацијата.
Мултимилионерот Павел Антов неодамна загина во Индија под сомнителни околности. Тој ја крикуваше војната на Путин во Украина. Рускиот генерален конзул во Калкута Алексеј Идамкин изјави за Тaсс дека „паднал“ од прозорецот на хотелот во Рајагада, државата Одиша.