Македонија

Изет Меџити: Ние сме со Али Ахмети, но претседателе не го гори јорганот за една болва

Ние сме со Али Ахмети, но претседателе, не го гори јорганот за една болва, со овие зборови вечерва се обрати потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити пред голем број граѓани и партиски активисти на огранокот на ДУИ во Студеничане, каде вечерва високи функционери на Демократската унија за интеграција –ДУИ, детално ја образложија анализата на работата на извршната власт во последните 2 години.

Меџити пред присутните посочи дека перформансите на извршната власт во последните 2 години се многу слаби во главните области кои се суштински за граѓаните Албанци, почнувајќи од капиталните инвестиции, образованието, патната инфраструктура, екологијата и така натаму.

„Владата на РСМ има речиси половина од министрите Албанци, држи 80 отсто од економските ресори, а сепак успева да материјализира само 2 отсто успех во албанските зони. Албански кадар раководи со Дирекцијата за патиштата, додека сите инвестиции се прават во Источна Македонија, а во албанскиот дел се прават само соништа и ветувања. Погледнете го патот за Блаце, Кичево-Охрид или Коридорот 8. Само ветувања. Реков и во Собрание, помалку фотографирање, повеќе работа“.

Меџити додаде дека „Оваа извршна власт нема излезено да собира гласови, значи нема ниту една поддршка од базата на ДУИ, ниту пак е гласана во партиските органи. Ние ја изгубивме поддршката во Полог, каде што ги загубивме главните општини. Поддршката паѓа и во другите зони, погледнете ја најновата анкета на американска ИРИ. Ситуацијата е алармантна“

Пред присутните говореа и Блерим Беџети, организациониот секретар на ДУИ и градоначалник на општина Сарај, Муса Џафери, претседател на Надзорниот Одбор на ДУИ, Невзат Бејта, член на Централното претседателство, пратеникот Кастриот Реџепи, кои во меѓувреме изнесоа голем број аргументи за неуспесите на извршната власт на ДУИ во областа на транспортот и врските, екологијата, правилното спроведување на албанскиот јазик според законот, правичната и соодветна застапеност на Албанците во државната администрација и во странските инвестиции кои користат државна помош, стагнацијата во децентрализацијата и гасификацијата. Посочија дека што се однесува до инвестициите во патната инфраструктура, во населените места каде што гравитираат Албанци се дадени само зборови и ветувања, додека во источниот дел на државата не остана ниту едена улица без да се реконструира.

Инаку, на вечерашната средба учествуваа и други функционери на ДУИ, меѓу кои и Висар Ганиу, член на Централното претседателство и градоначалник на општина Чаир.

На почеток