Македонија

Бомба во куќа во Тетово, во тек е отстранување

Преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во тек координирање за безбедно отстранување пронајдено експлозивно средство, бомба, од куќа во Тетовско. Конкретно, на единствениот телефонски број за итни случаи 112 при ЦУК е добиена информација од дежурен од ОЦ-СВР – Тетово за настан во с. Долно Палчиште дека при претрес на објект – куќа, била пронајдена рачна бомба.

Согласно оперативните стандардни процедури, за случајот е известен и раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Тетово, а случајот бил пријавен и во Полициската станица ПС Тетово. По известувањето на сите надлежни институции, за понатамошна постапка се чека екипа деминери од ДЗС Тетово, согласно процедурите, експлозивното средство безбедно да биде подигнато од лице место.

На почеток