Македонија

Македонија преплавена со мигранти и хероин

Денеска (08.01.2023) околу 01.15 часот, на место викано „Македонија пат“ на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци. При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан. М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.01.2023 околу 15.35 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на улица „Шуматовска“ во Гостивар, го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец М.А.. Кај него биле пронајдени и одземени четири пакувања со кафеава прашкаста материја – хероин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На почеток