Спуштен руски авион полн со патници, имало дојава за бомба
Од
Објавено на
Авионот на руската компанија „Азур ер“ со 244 патници и членови на екипажот принудно слета во воена база во Индија поради закана за бомба, соопштија денеска локалните власти.
Авионот летал од Москва за Гоа во југозападна Индија, а доцна синоќа слетал во базата на индиските воздухопловни сили во Џамнагар, во државата Гуџарат.
Според локалните медиуми, авионот принудно слетал откако авиокомпанијата добила е-пошта во која се наведува дека во авионот има бомба.
Руската амбасада во Индија соопшти дека добила дојава од индиските власти.
Сите 236 патници и осум членови на екипажот се безбедни.