Свет

Првпат од 2020 година, автобуси ја преминаа кинеско-руската граница

Четири патнички автобуси ја преминаа руско-кинеската граница на контролниот пункт Краскино за првпат од 2020 година, соопшти руската царина.

Поради пандемијата со коронавирусот, од февруари 2020 година нема патнички сообраќај преку границата на двете земји.

Два автобуса влегле во Кина, а два во Русија, пренесува РИА Новости.

На 8 јануари, Кина укина голем број ограничувања наметнати поради коронавирусот кои беа на сила од 2020 година, вклучително и задолжителен централизиран карантин и ПЦР тестирање по пристигнувањето од странство.

На почеток