Во село во Јакутија температурата се спушти до минус 61 Целзиусов степен
Од
Објавено на
Температурата на воздухот во селото Жилинда во Јакутија денеска се спушти на минус 61 Целзиусов степен, објавено е на веб-страницата на одделението за хидрометеорологија во таа руска република во источен Сибир.
Според метеоролозите, температурата во девет области на Јакутија е минус 45 степени и пониска, пренесува РИА Новости.
Во главниот град – Јакутск е минус 42 степени.