Ахмети за средбата со Рама: Ова е исклучително важна мисија за нашата земјa
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред вечерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана во изјава за ТВ21 рече дека средбата е пријателска и братска.
На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе ги видат на средбата, но повеќе ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон ЕУ.
-Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се важни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата, рече Ахмети.