Свет

Русија ја презеде контролата врз украинскиот град Соледар, тврди Пригожин

Борците на руската паравоена група Вагнер ја презедоа контролата врз украинскиот град Соледар по интензивните борби оваа недела.

Ова утрово го изјави лидерот на таа организација Евгениј Пригожин. Тој преку својата прес-служба на социјалните мрежи објави дека уличните борби продолжуваат. „Единиците на Вагнер ја презедоа контролата врз целата територија на Соледар“, рече Пригожин.

Тој додаде дека борбите се водат во центарот на градот, поради што е неизвесно колкава е контролата на руската група врз Соледар.

Агенцијата Франс прес наведува дека изјавите на лидерот Вагнер не може да се потврдат од други извори.

На почеток