Македонија

Оваа година, минималната плата ќе порасне на над 20.000 денари, тврди СДСМ

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи обезбедува постојан раст на минималната плата, велат од партијата.

„Во март годинава минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува над 20.000 денари.

Со методологијата донесена минатата година преку дијалог со сите засегнати страни, се обезбедува континуиран раст на минималната плата, како системско решение независно од нечија политичка волја.

Минималната плата лани е покачена на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 9.000 денари.

Со мерките и политиките на СДСМ платите растат и во време на криза“, се вели во соопштнеието.

На почеток