Блинкен: „Ќе спречиме конфликт“
Американскиот државен секретар Ентони Блинкин денеска изјави дека Кина е „најголемиот заеднички стратешки предизвик“ за Вашингтон и Токио, како и за нивните сојузници.
Тој изјави и дека САД ќе се обидат конкуренцијата со Кина да ја претворат во конфликт.
„Јас и моите јапонски колеги се согласуваме дека Кина е најголемиот заеднички стратешки предизвик пред нас, како и нашите сојузници и партнери“, рече Блинкен на заедничката конференција со јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши и јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада. Тој додаде дека САД го поздравуваат ветувањето на Јапонија да ги удвои трошоците за одбрана до 2027 година.
„Со ова Токио ќе иницира уште поблиска соработка со САД“, изјави Блинкен, пренесува ТАСС. Според него, Вашингтон и Токио стојат заедно со Украина против рускиот напад. „За да одговориме на овие и други предизвици, денеска разговаравме за начините за продлабочување на нашата соработка, вклучително и зајакнување на билатералните односи“, рече Блинкен.
Блинкен истакнува и дека „Вашингтон се обидува да спречи конкуренцијата со Пекинг да се претвори во конфликт“. „Ние не бараме конфликт, се однесуваме одговорно во ова ривалство, но ќе се натпреваруваме силно и ќе се обидеме да ги задржиме отворените линии на комуникација и да направиме се што можеме за да спречиме ова ривалство да се претвори во конфликт“, рече американскиот секретар.
На американско-јапонската средба присуствуваше и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.