Магазин

Принцот Хари за Талибанците: Тие беа шаховски фигури што требаше да се отстранат од таблата

Британскиот принц Хари изјави дека тврдењата дека се пофалил дека убил 25 талибански борци додека бил на должност во Авганистан во новообјавените мемоари се „опасна лага“, објави денеска Би-би-си.

Хари во изјава за американската телевизија ги обвини новинарите дека неговите зборови ги извадиле од контекст, наведувајќи дека спинот му се заканувал на неговото семејство. Принцот Хари истакна дека сака да го намали бројот на самоубиства на ветераните, да биде искрен за сопственото искуство во Авганистан и да им даде простор на ветераните да ги споделат своите искуства без никаков срам.“ Во мемоарите, принцот Хари открива за прв пат дека убил 25 непријателски борци за време на службата со британските единици во регионот Хелманд во Авганистан. Тоа не е статистика што ме прави горд, но ниту се срамам“, рече принцот Хари.

„Всушност, не можете да ги повредите луѓето ако ги гледате како луѓе. Тие беа шаховски фигури што требаше да се отстранат од таблата, лошите момци што требаше да се елиминираат пред да ги убијат добрите момци“, напиша Хари. Принцот беше критикуван од некои поранешни британски воени функционери за убиствата во мемоарите, велејќи дека не е во ред Талибанците да се нарекуваат „нечовечки суштества“ и шаховски фигури.

Мемоарите на Хари беа објавени на 10 јануари и станаа најбрзо продаваната нефикциона книга во Велика Британија на сите времиња. Беа купени околу 400.000 примероци од мемоарите, иако многу извадоци беа обелоденети во печатот пред официјалното објавување.

На почеток