Магазин

Почина Џеф Бек на 78-годишна возраст

Современикот и пријател на Џими Хендрикс почина на 78-годишна возраст како последица на бактериска инфекција.

Еден од мажите кои го дефинираа свирењето електрична гитара во рок музиката, Џеф Бек, почина во Англија на 78-годишна возраст.

Причината за смртта е компликација предизвикана од инфекција со менингитис.

Бек беше активен на музичката сцена, а неодамна беше на турнеја со актерот Џони Деп, исто така гитарист.

На почеток