Свет

Уапсен белоруски опозиционер

Белоруски опозиционер, кој беше противник на претседателот Александар Лукашенко за време на претседателските избори во 2020 година, е уапсен, објави неговиот тим.

Станува збор за Андреј Дмитриев (41), активист кој води социјално движење против Лукашенко, а полицијата го приведе во средата во Минск, пишува во порака на неговата Фејсбук страница, пренесе Ројтерс.

Се додава дека се уште не е познато зошто е во притвор. Белоруските власти не го коментираа неговото притворање.

На изборите во 2020 година, за кои опозицијата тврди дека се украдени, Дмитриев беше четврти со 1,2 отсто од гласовите, покажуваат официјалните податоци.

Поддржувачите на опозицијата излегоа на улиците во неделите по изборите во август 2020 година, но наидоа на силен отпор од безбедносните структури.

Британската новинска агенција додава дека групите за човекови права проценуваат дека во белоруските затвори има околу 1.500 политички затвореници како резултат на задушувањето на протестите.

На почеток