Актуелно

Медведев: Молеа за ѓубре, на крајот ќе се претвори во рѓосанo, старо железо

Има планови за предавање на западна Украина на поранешните господари и преименување на градот Лавов во Лемберг, истакнува Дмитриј Медведев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија на својот канал Телеграм напиша дека полскиот претседател Анджеј Дуда, литванскиот претседател Гитанас Науседа и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржале средба во Лавов, кој ќе биде преименуван во Лемберг.

„Тие зборуваа за отстапување на западните украински региони на поранешните господари“, напиша Медведев, пренесе Тасс.

Медведев ги опиша политичарите кои се нашле во Лавов како луѓе кои „страдаат од империјални амбиции и фантомски болки предизвикани од историјата што ги снашла“.

Според Медведев, Зеленски, Дуда и Науседа „молат за тенкови Леопард, тип на Т-72 што руските противници го надградиле, но и за некои други англискo ѓубре“.

„На крајот на краиштата, сиот тој хардвер наскоро ќе се претвори во рѓосанo, старо железо и нема да донесе спас на вештачката состојба која се распаѓа“, рече заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност.

Дека се разговарало за тенковите Леопард потврди и полскиот претседател кој рече дека неговата земја ќе и ги испорача на Украина тие тенкови од германско производство.

Полска претходно објави дека планира да пренесе 10 борбени тенкови Леопард 2 во Украина, потег од големо значење за украинските војници, објави Гардијан.

На почеток