Почина ќерката на Елвис Присли
Лиса Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 54-година возраст. Таа била најдена без свест во својот дом во Калифорнија, и веднаш била пренесена во болница, каде што не успела да се спаси. Според првичните информации, Лиса Мари починала од срцев удар.
Таа тргна по стапктие на својот татко, и имаше музичка кариера. Првиот албум го издаде во 2003 година. Имаше многу бракови, се мажеше четири пари, а најпознати бракови и беа со актерот Николас Кејџ и со поп иконата Мајкл Џексон. Имаше четири деца, а едно од нејзините се самоуби во 2020 година.
Лиса Мари Присли присуствува на неодамнешната церемонија на доделувањето на Златни глобуси, каде Остин Батлер беше награден за најдобар актер за улогата за филмот Елвис, посветен на нејзиниот татко.