Магазин

Хари бара правда за Меган: „Сите треба да и се извинат“

Откако во мемоари од 400 страници раскажа голем број тајни на најблиските, принцот Хари бара од кралското семејство да и се извини на Меган Маркл. Хари не кажа зошто кралското семејство треба да и се извини на неговата сопруга.

Хари вели дека ја зазел вистинската страна во војната меѓу нив двајца и Виндзорите. Принцот тврди дека јазот меѓу него, Меган и остатокот од кралското семејство не би го достигнал ова ниво доколку порано ги слушале неговите грижи.

Хари само го обвини своето семејство за драмата.

„Сето тоа можеше да се избегне. Но, тие едноставно не можеа да се воздржат“, вели Хари. Тој додаде дека неговото семејство го смета за параноичен. Принцот вели дека чувствува одговорност да ја реформира монархијата во интерес на неговите две мали деца.

На почеток