„Фајненшл тајмс“: Лидерите на западните земји се обидуваат да го „надиграат“ Путин
Лидерите на западните земји се обидуваат да го „надиграат“ Владимир Путин и бараат различни начини за тоа. Во моментов, тие се убедени дека треба да изградат воена поддршка за Украина и да дозволат Киев да победи на бојното поле, пишува „Фајненшл тајмс“.
Изданието забележува дека западните политичари се убедени дека Путин нема да ги промени своите максималистички цели додека руските вооружени сили не претрпат големи загуби.
Досега, како што забележуваат новинарите, дејствијата на вооружените сили на Украина не можат да го принудат рускиот лидер да го промени своето гледиште. И уште повеќе, тие не и даваат шанса на Москва да го признае поразот.
Да потсетиме, руската армија од 24 февруари 2022 година спроведува специјална воена операција во Украина. Во септември, по референдумот, регионите Доњецк, Луганска Народна Република, Запорожје и Керсон се приклучија на Русија.