Ракетен напад врз Киев
Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко, изјави дека нападите биле извршени врз критични инфраструктурни објекти во главниот град на Украина, пренесува Интерфакс Украина.
Според прелиминарните информации, нема повредени, соопшти шефот на Киевската регионална воена управа, Олексеј Кулеба.
Воената управа на градот ги повика граѓаните да останат во засолништа.
Агенцијата наведува дека изутринава одекнале серија силни експлозии во различни делови на Киев, особено во центарот на градот и во населените места на левиот брег на реките Днепар.
Две минути по нападот беше најавена воздушна закана во Киев и регионот на Киев.
На социјалните мрежи се појавија најави за експлозии во регионот на Киев, особено во градовите Буча и Хостомел.
Претходно, заменик-командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, Олександр Пављук, изјави дека експлозиите утринава во Киев и во Киевската област не се поврзани со воени операции.