Ковачки: Доктор осуденик, кој нема завршено медицина дал налог да се носи во болница убиецот кој и избега на власта
Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте – истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ
„Значи, “доктор” затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница.
Во племенски заедници има подобра организација на власт.
Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија.
Малку е 1 тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија и’ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава“, додава тој.