Македонија

Срамота е што СДС за да ја покријат неспособноста за справувањето со кучињата скитници прават политика, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ја разбираме фрустираноста на СДС, одат дотаму кога во исто време премиерот и нивен лидер Ковачевски вели дека ќе бара странска помош, за проблемот со кучињата скитници да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Веројатно СДС во недостиг на аргументи, Мицкоски и ВМРО ќе ги обвини и за тоа што нема снег во месец јануари или за војната во Украина.

Но да се вратиме на фактите.

Срамота е што СДС прави политички поени од оваа тема па се скара и за кучињата скитници. На Струга градоначалник е коалицискиот партнер на СДС Рамис Мерко од ДУИ. На Агенцијата за храна и ветеринарство директор е кадар на СДС. Кој одговараше што нема стратегија за справување со кучиња скитници?

Чива надлежност е ова?“, се вели во соопштението.

На почеток